Работник во електродистрибуција спаси маче од бандера


Нашата одговорност не е само стабилното снабдување со електрична енергија, туку и грижата за сите во заедницата – па и за нашите крзнени пријатели, соопштуваат од Електродистрибуција.
 

Постапувајќи брзо, внимателно и со целосно почитување на безбедносните процедури, нашиот колега Николче од КЕЦ Битола покажа извонреден професионализам и хуманост за време на интервенцијата, при која спаси маче заплеткано во проводниците од електродистрибутивната мрежа.