Путиновата стратегија низ хумор: Украинската војска бега во паника бркајќи ја руската!
Украинското изненадувачки брзо напредување на фронтот во регионот на Харкив, при што дневно се ослободуваат по неколку места, покрена голема доза на сатира меѓу аналитичари, новинари ,блогери и на хумористичните профили на социјалните мрежи. Во коментарите се прави пародија со воениот капацитет на сега, како што се верува, бившата суперсила, а особено предмет на потсмев е воената стратегија на рускиот претседател Владимир Путин. Еве некои од нив:
„Ден 200 од мојата тридневна војна. Руската армија напредува наназад точно како што беше планирано, додека украинската војска бега во паника бркајќи ја нашата. Останувам главен стратег“.
„Снемува возила, муниција, гориво, војници, па дури и мостови. Владимир Путин, главен стратег“.
„Само денес Украина зароби повеќе тенкови и хаубици од Русите отколку што Германија испорача на Украина за повеќе од шест месеци. Ти благодариме Русијо за донациите за војската на Украина“.
Thank you Russia for your donations to Ukraine’s military. But seriously, it blows my old soldier mind the amounts of vehicles, ammo, supplies reported/seen abandoned by Russian soldiers – panic, no will to fight, broken. https://t.co/0hLN8shmDv
— John Spencer (@SpencerGuard) September 11, 2022
„Виктор Орбан, 23 јули 2022 година: Апсолутно е јасно дека војната не може да се победи вака. Украинците никогаш нема даја добијат војната против Русија со американска обука и оружје. Ова е едноставно затоа што руската армија има асиметрична супериорност“.

„Кученцето на британската кралица (кое го лаело Путин за време на посетата на Лондон) на крајот исоадна поостроумно од 90% од „ одбранбените аналитичари“ кои ги завршија сите харварди и принстони што може да се замислат и ја повикаа Украина да се откаже без борба“.
„Путин приватно го праша Зеленски дали може барем да ја задржи Москва?“

„Според Путин, специјалната воена операција е конфликт меѓу Русија и НАТО против западниот униполаризам. Каква е ситуацијата сега? Русија изгуби над 50.000 војници, 20 генерали, 2.000 тенкови, 5 бродови, стотици авиони и 1.500 камиони. А, НАТО сè уште не пристигнал“.
