Путин зборува, одбранбените началници спијат


На Твитер се појави фотографија од годишниот состанок на највисоките руски одбранбени началници со рускиот претседател Владимир Путин на која се гледа издишениот ентузијазам околу неговите пораки , па и како некои од нив дремат додека тој држи говор.

Во говорот инаку Путин рече дека воената алијанса НАТО ги користи своите целосни капацитети против Русија и ги повика собраните воени лидери да го искористат своето искуство стекнато во борбите во Сирија во она што Москва ја нарекува „специјална воена операција“ во Украина.