Путин праќа миротворци во Нагорно Карабах
Советот на Федерацијата Русија едногласно ја усвои резолуцијата со која се дава согласност на рускиот претседател Владимир Путин да прати руски војници во Нагорно Карабах.
Според Уставот на Русија, прашањето за воведување воен контингент го решава Советот на Федерацијата, но руските мировници веќе се наоѓаат во Карабах.
Како што објасни претседателот на законодавниот коминтет на Советот на Федерацијата Андреј Клишас, претседателот имал право да прати мировници во Карабах без согласност на Горниот дом, затоа што таму загинале Руси, пренесе Спутник.
Но, бидејќи во оваа ситуација се работи за политички договор, според кој руската војска долго време ќе биде надвор од границите на Русија, одобрението на Советот на Федерацијата е неопходно, објасни Клишас.
Мировниот мандат на руските сили во Карабах ќе трае пет години, со можност за негово продолжување.
Порано, рускиот претседател Владимир Путин се обрати до Советот на Федерацијата да одобри праќање на руски миротворци во Нагорно Карабах.