Путин: Односите меѓу Москва и Вашингтон се влошуваат


Русија – Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека односите меѓу Москва и Вашингтон се сè полоши и полоши, потсетувајќи дека актуелната американска Администрација воведе десетици санкции кон Русија.

– Нашите односи се влошуваат, предупреди Путин во интервју објавено денеска на телевизискиот канал Мир.

Путин ваквата оценка ја изнесе во пресрет на Самитот на Г-20 во Осака, предвиден за крајот од месецот, каде што е можна негова средба со американскиот претседател Доналд Трамп.

Шефот на руската држава изрази очекување дека за време на Самитот на земјите од Г-20, меѓу кои се и Русија и САД, би можеле да се постигнат договори, со кои би се отворил патот за економска соработка.