Путин „очајно“ се обидува да го вовлече Лукашенко во војната


Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својата најнова анализа тврди дека белорускиот претседател Александар Лукашенко можеби успеал да ги ограничи напорите на рускиот претседател Владимир Путин да ја принуди Белорусија на дополнителни отстапки за време на вчерашната средба во Минск. Путин и Лукашенко се воздржаа од јавно да разговараат за руската инвазија на Украина, но и двајцата лидери истакнаа дека Белорусија сè уште се соочува со закана од Западот.

Путин најави дека можеби ќе размисли за обука на белоруски борбени авиони за употреба на „специјални боеви глави“ поради „ескалацијата“ на ситуацијата на надворешните граници на Унијата. ИСВ претходно оцени дека Лукашенко ја користи реториката за одбрана на границите на Белорусија од Запад и НАТО во обид да избегне учество во руската инвазија на Украина.

На 17 февруари Лукашенко ја навести можноста за распоредување нуклеарно оружје во Белорусија во контекст на наводна агресија на Западот. На вчерашната средба Лукашенко најави дека Русија ќе ги испорача системите за противвоздушна одбрана С-400 и Искандер, додека Путин потврди дека разговарале за формирање обединет одбранбен простор.

ИСВ повторува дека можноста за директно вклучување на Белорусија во војната на Путин против Украина останува малку веројатна. Ваквата оценка е поткрепена со фактот дека Путин ги прифати говорните точки на Лукашенко, без да го убеди Лукашенко да ги прилагоди.