Путин: „Можеби е добро што западните фирми си одат од Русија“


 

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека излегувањето на некои странски компании од Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина „може да биде најдобро“, пренесува новинската агенција Ројтерс.

Путин, кој зборуваше преку видео врска на економскиот форум на постсоветските држави што се одржа во Киргистан, рече дека е невозможно Русија да се отсече од западната технологија и покрај санкциите.

Путин вели дека Русија гледа проблеми во синџирите на транспорт и снабдување и дека земјата ќе продолжи да увезува замени, но дека тоа не е решение, додава тој.

„Кражбата на средства од страна на Западот нема да доведе до ништо добро“, вели тој, додавајќи дека Русија е конкурентна и останува главен извозник на пченица.

Тој додава дека е важно Русија да се оддалечи од банкарскиот систем Свифт – меѓународен платен систем што го користат илјадници финансиски институции – во систем со поранешни советски партнери.

Тоа доаѓа откако ЕУ и нејзините сојузници суспендираа седум институции од системот во март и предложија исклучување на уште три руски банки од Свифт.