Путин му честиташе на Чарлс што стана крал


Рускиот претседател Владимир Путин изрази сочуство за смртта на кралицата Елизабета Втора оценувајќи дека најважните случувања во историјата на нејзината земја се поврзани со нејзиното име и дека многу декади таа со право уживала почит и љубов од граѓаните како и на меѓународната сцена. 

Рускиот претседател, кој е во меѓународна изолација заради инвазијата на Украина му го честиташе и наследувањето на кралската круна на кралот Чарлс III со порака:

„Ви посакувам храброст и цврстина пред оваа тешка, непоправлива загуба. Ве молам, пренесете го моето искрено сочувство и поддршка на членовите на кралското семејство и на целиот народ на Обединетото Кралство“.

Обединетото Кралство  е на врвот на листата на земји кои вооружено, разузнувачки и политички ја помагаат Украина да ја добие војната со Русија.