Путин: Главната цел е освојување на Донбас, а не ослободување на Курск
Примарната цел на руската армија е „ослободувањето“ на Донбас, изјави рускиот претседател Владимир Путин.
Според него, со инвазијата на регионот Курск, украинските вооружени сили се обидувале да ја натераат руската страна „нервозна, да префрла војници од една област во друга и да ја запрe офанзивата во клучните области, пред с\ во Донбас“.
Но, тоа не се случи: со испраќање обучени единици во областа Курск, „непријателот се ослабна“, а руската армија ги забрза офанзивните операции, рече Путин. „Вакви територијални придобивки одамна нема“, нагласи тој, додавајќи дека тие „се мерат во квадратни километри“. Освен тоа, Путин призна дека поради големи загуби во работна сила и опрема, украинскиот фронт во Донбас може да се urne.
Тој, исто така, истакна дека еден месец по инвазијата на украинските вооружени сили, руската армија ја „стабилизираше ситуацијата“ во регионот Курск и почна „постепено да ги истиснува“ украинските војници. „Света должност на вооружените сили е да направат сѐ за да го исфрлат непријателот од овие територии и да ги заштитат нашите граѓани“, додаде Путин.
Украинските вооружени сили на 6 август ја нападнаа областа Курск и успеаја да заземат околу 1.300 квадратни километри територија, како и околу 100 населени места, објави врховниот командант на украинската армија Александар Сирски. За возврат, руската армија, го забрза својот напредок во Донбас: ако во јуни и јули освојуваше 5-10 квадратни километри на ден, тогаш во средината на август веќе беше 15-20 квадратни километри.
Во исто време, руската армија се приближи до Покровск, клучна логистичка точка преку која се снабдува украинската група во регионот на Донецк. „Сега целиот фронт во централниот сектор на регионот Донецк е во опасност од колапс“, забележа воениот набљудувач на „Билд“, Јулијан Репке. Украинскиот претседател Володимир Зеленски исто така ја нарече ситуацијата во близина на Покровск „исклучително тешка“.