Пуштени семафорите на крстосницата кај „последна 5-ка“


Од денеска проработеа новите семафори на крстосницата булевар „АСНОМ“ со улица „Февруарски поход“ во Ново Лисиче, каде досега, поради немање сообраќајна регулација, често се случуваа сообраќајки.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, кои ја одржуваат светлосната сигнализација на градските сообраќајници, денес ги пуштија во програма новите семафори кои беа поставени на крстосницата булевар „АСНОМ“ со улица „Февруарски поход“.

Екипите пред десетина дена на крстосницата ги пуштија во пробна функција семафорите на жолто трепкаво светло, а од денес се пуштени во нормална работа.

Со новите семафори се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот во овој дел од градот, велат од општината.