Пунктот за нови документи без закажување во функција најдоцна од понеделник


Новиот посебен простор во Скопје во којшто граѓаните ќе можат да вадат нови лични документи без претходно јавување и закажување, најверојатно во функција ќе биде од понеделник.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спаосвски вели дека до сабота треба да заврши подготовката на прсоторијата, со електрична инсталација, опремување со компјутери и друго за да биде функционален.

– Во сабота би требало да завршат сите подготовки на просторијата во смисла на електрична инсталација, интернет-конекција и поврзување и очекувам дека веќе во сабота или од понеделник да го ставиме објјектот во функција – рече Спасовски одговарајќи на новинарско прашање по днешеното отворањето на новиот објект за форензички испитувања на Министерството за внатрешни работи. 

Се подготвуваме да направиме две смени во самиот објект и на тој начин да имаме една добра динамика за граѓаните – додаде Спасовски.

Појасни дека сите групни домови, како старечки домови, се поканети да можат да дојдат да ги искористат услугите без закажување за вадење нови лични документи. Во неколку од нив се завршени сите процедури за земање податоци, а потоа ќе има таргетирани групи кои до крајот на годината или почетокот на јануари да бидат завршени.