Пукање во училиште во САД; Има мртви и ранети (видео)


Средно училиште во Виндер, Џорџија, е евакуирано по пријавен вооружен напад.

Најмалку две лица загинаа, а четворица се ранети во пукање во средно училиште во Џорџија во американската сојузна држава Атланта, јави Ројтерс.

Еден осомничен бил приведен откако полицијата одговорила на пукањето во средното училиште Апалачи во населбата Виндер во Џорџија.

Неутврден број пациенти со прострелни рани се хоспитализирани во локалната болница, а најмалку пет екипи за итна помош сè уште се во училиштето, како и голем број полицајци.

Во ова училиште учат околу 1.900 ученици.
За безбедност на учениците беа евакуирани и други училишта во областа.