Пукање во Шведска, неколку мртви

Неколку лица се убиени во пукотница во фризерски салон во градот Упсала, објавија шведските медиуми. Полицијата соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани кои пријавиле истрели во близина на плоштадот Ваксала во центарот на градот.
Пукањето се случило во пресрет на прославата на Валпургиската ноќ, традиционален пролетен фестивал кој привлекува голем број луѓе на улиците секоја година. Според полицијата, неколку лица биле пронајдени со повреди што укажуваат на прострелни рани.
Голем дел од областа е ограден, а истрагата е во тек. Портпаролот на полицијата, Магнус Јансон Кларин, за локалните медиуми изјави дека добиле повеќе пријави за истрели во областа.
Шведскиот јавен радиодифузен сервис СВТ разговараше со неколку сведоци на местото на настанот, кои потврдија дека слушнале истрели.