„Пуцко Петрол“ лани победила или била единствен понудувач на 413 тендери


Kомпанијата Пуцко петрол која е семејна фирма на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски и формално ја води неговиот син, во 2022 добила неверојатен број државни тендери и фантастична сума пари од владините институции.

Пуцко Петрол завчера од страна на Државната комисија за спречување на корупција беше осомничена дека на незаконски начин се стекнала со имотот на Сеад Кочан кој беше осуден на затвор а имотот требало да му се конфискува.

Денеска на социјалните мрежи се појави информација цитирана од Центарот за граѓански комуникации според која Пуцко Петрол во 2022 година победила или била единствен понудувач на неверојатни 413 тендери а вкупната сума на пари наплатени од државните институции е речиси 50 милиони евра.