ПСЖ подготвен да го продаде Донарума по неуспешните преговори за нов договор

ПСЖ може да го продаде голманот Џанлуиџи Донарума во летниот преоден рок, објави „La Repubblica“.
Двете страни не можат да најдат заеднички јазик за нов договор. Актуелниот договор на 26-годишниот голман со парижаните истекува летото 2026. Клубот за неговиот трансфер бара 40 милиони евра.
Претходно беше објавено дека за услугите на Донарума се заинтересирани Манчестер сити и Манчестер јунајтед.
Минатата сезона голманот одигра 40 натпревари на сите турнири, прими 39 гола и 12 ја зачува мрежата чиста.