Првпат по два месеца цената на нафтата над 30 долари за барел
Цената на американската нафта синоќа достигна 32,05 долари за барел за достава во јуни, што е првпат во изминатите два месеца.
Зголемувањето на цената на нафтата се должи на оптимизмот на производителите и трговците и постепеното враќање на работните места на граѓаните.
Во изминатите два дена забележан е мал пораст на побарувачката на двете основни компоненти што ја движат цената на нафтата на меѓународните берзи – бензинот и керозинот.