Првоаприлски насмеани шегаџии
Денеска е нивниот ден - принцези, супер-херои, пирати, каубојци, пчелички, буба мари, фудбалери...

Вештерки, супер-херои, фудбалери, принцези – денеска сите се под маски. Децата задолжително. Повозрасните – само храбрите.
Први април се одбележува како Ден на шегата речиси во целиот свет.
Последните две години дефилеата и прошетките на маскирани луѓе беа откажани во сите градови, заради рестрикциите на движењето, во борбата против пандемијата од Ковид-19.
Годинава пак, нешто поопуштено. Децата кои одат во училиште или во градинка се маскирани, па по улиците може да се видат најразлични принцези, супер-херои, пирати, каубојци, пчелички, буба мари, фудбалери…
Денот на шегата се прославува различно во светот. Во Канада, Нов Зеланд, Обединетото Кралство и Јужна Африка, шегите траат до пладне и оној кој прави трикови после пладне го нарекуваат „априли-ли-ли“ и го исмеваат, додека во Франција, Италија, Јужна Кореја, Јапонија, Русија, Холандија, Германија и други држави, луѓето се шегуваат цел ден.