Прво соларно кино во Кинотека- почеток на Европската недела за намалување на отпадот
Здружението Гоу Грин Скопје, во рамки на проектот „Соларни кина“, на 22 ноември го организира првото соларно кино во Кинотека.
Настанот е промоција на еко-иновацијата „Мобилна станица за селекција“ која овозможува селектирање на 6 вида отпад хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки. На станицата ќе има приклучено соларни панели кои овозможуваат кино проекции.
Проекцијата на филмот „Il etait une foret – Си беше една шума“ ќе се одржи во понеделник, 22 ноември, во Кинотека во 12 часот.
Овој настан своевидно го означува и почетокот на Европската недела за намалување на отпадот, која трае од 20 до 28 ноември.
Влезот ќе биде отворен од 11 часот, а како влезница потребно е посетителите да носат нешто што може да се рециклира, односно, хартија, пластика, текстил, батерии, стакло и лименки, како и ковид сертификат.
Капацитетот на настанот е ограничен, а предност ќе имаат оние кои први ќе пристигнат.
Настанот се организира според сите протоколи, и за учество на истиот е потребно да приложите ковид сертификат.
Сите заинтересирани потребно е да се пријават ТУКА.