Прво ланисирање на ракета со човечки екипаж од територијата на САД по девет години


Двајцата космонаути, кои следната среда првпат ќе полетаат со ракетата „Фалкон 9“ на приватната компанија СпејсИкс, пристигнаа вчера во вселенскиот центар „Кенеди“ на Флорида.

Тест пилотите на НАСА, Даг Харли и Бен Бенкен е планирано да полетаат в среда кон Меѓународната вселенска станица, во првото лансирање на човек во вселената од територија на САД по речиси од една деценија.

НАСА ја затвори програмата за испраќање луѓе во орбитата со последниот лет на вселенскиот шатл „Атлантис“ во jули 2011 година и досега ги користеше услугите на руската вселенска програма. Двајцата космонаути ќе полетаат од истата платформа од која полета шатлот пред девет години.

Во меѓувреме, програмата на НАСА ја презедоа приватни оператори како СпејсИкс и Боинг. Боинг се очекува да ги лансира своите први космонаути во 2021 година.