Првиот академски час на Катедрата за современ танц при УГД во Домот на АРМ


fbt

Катедрата за современ танц при Филмската академија на Универзитетот „Гоце Делчев“ ја започнува новата студентска година, за прв пат во новите простории во Домот на Армијата во Скопје. Просториите каде порано имаше сали за вежбање ги добија од Министерството за одбрана, а се реновирани со донација од Холандската амбасада.

Од денеска започнува наставата во новоотворените простории во Домот на Армијата во Скопје, кои се целосно реновирани и, по највисоки стандарди опремени за изведување настава за современ танц. Катедрата за современ танц, најавува богата програма во која ќе учествуваат студентите, преку соработката со девет европски танцови универзитети и академии, со кои се најавува тесна соработка во следниов период.

-Со голема возбуда, повторно се планира програмата за фестивалот „Share“ кој се одржува од 2017 година, а во 2018 година се одржа во Скопје и Штип, со учество на преку сто студенти од овие девет академии од Австрија, Словенија, Унгарија, Полска, Република Чешка, Велика Британија, Латвија и С. Македонија. За прв пат по пандемијата, овоаа програма се обновува и ќе се одржи во Братислава, Република Чешка. Новата генерација студенти на УГД ќе имаат можност да работат по современа европска програма, да настапуваат и да разменуваат искуства со останати студенти од Европа и пошироко. Својата пракса и понатаму ќе ја имаат во соработка со Скопје танцовиот театар, што ќе им овозможи настапи во земјава и странство, вели Рисима Рисимкин, декан на Филмската академија при УГД.

Од ноември 2021, за прв пат ќе започнат и програмите за втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД, мастер програми за кореографија и танцова едкуација, на англиски јазик, за кои веќе има голем интерес од земјава и странство. Во рамките на овие програми ќе се одржува и програма, насловена „Креативен центар“ во која студентите од втор циклус студии, покрај регуларната настава, ќе имаат можност да посетуваат предавања на врвни уметнички имиња од полето на изведбените уметности, визуелните уметности, но и социологија и антропологија од земјава и странство.

Универзитетот „Гозе Делчев“ и Катедрата за современ танц, во целост ќе ги запазуваат протоколите за работа за КОВИД-19.