Први проблеми: „Фајзер“ ја одложи испораката на вакцини во осум земји од ЕУ


Производителот на една од вакцините против корона вирус „Фајзер“ ја одложи испораката во осум европски земји поради потешкотии поврзани со чување и складирање на вакцините на сники температури.

Министерството за здравство на Шпанија соопшти во деделата вечерта дека примило порака од производствениот погон на „Фајзер“ во Белгија дека вакцината во оваа земја ќе биде доставена во вторник, место во понеделник, поради проблем во процесот на товарање и складирање поврзан со контрола на температурата.

Шпанските власти соопштија дека уште осум земји во Европа се соочуваат со исти потешкотии, но не наведуваат кои земји.

Локалните власти во Германија исто така известија за доцнење на испораката откако се утврдени проблеми во транспортот на вакцината на пропишаната температура од -70 степени Целзиусови.

Испораката на вакцините на „Фајзер“ се знаеше дека ќе биде комплицирана поради условот да се чува на температура од -70 степени Целзиусови, но добра вест е што може неколку дена да стои на температура од 2 до 8 степени.

Сепак, доцнењето на испораката во некои земји предизвика одложување на рпограмата за вакцинација, додека пак за време на викендот вакцинацијата почна во Германија, Унгарија и СЛовачка, кои меѓу првите ги примија вакцините.

ЕУ обезбеди 300 милиони дози на вакцината “Фајзер“, до надеж дека две третини од европското население ќе биде вакцинирано до септември 2021 година. Покрај со „Фајзер“ склучени се договори и со други производители на вакцини.

Евопската агенција за лекови треба до 6 јануари да одлучи дали ќе ја одобри употребата на вакцината на „Модерна“ која не бара чување на толку ниски температури.