Први конзуларни консултации меѓу Македонија и Бугарија


На 1 март  во Софија се одржаа конзуларни консултации меѓу министерствата за надворешни работи на  Македонија и на Бугарија на ниво директори за конзуларни работи. На консултациите беа разгледани повеќе прашања од конзуларната област, а кои директно ги засегаат граѓаните на двете држави.

-Посебно внимание беше посветено на начините за подобрување на меѓусебната комуникација во врска со измените на законодавството за влез и престој на територијата на секоја од земјите и неговата примена, взаемното информирање за задржани граѓани, соработка при конзуларни случаи, особено кога е потребна помош како на пример лекување или репатријација, начинот и постапката за издавање на документи од матичните книги, воспоставување на точка за директна комуникација во итни случаи и други прашања од областа. Обете страни изразија задоволство од досегашната соработка во конзуларните работи, споделија информации за предизвиците со кои се соочуваат и разменија предлози за унапредување на соработката, соопштија од МНР.

Инаку, конзуларната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија се одвива врз основа на конзуларната конвенција склучена меѓу двете држави во 1999 година. Денешните конзуларни консултации се реализираа на иницијатива на Министерството за надворешни работи на  Македонија и се први од таков вид во изминатава декада.