Прва жртва на поплавите во Србија


 

Нуркачите на специјалниот одред на полицијата, го пронашле телото на В.Ц. (60), кој исчезна во вторникот вечерта во поплавите кај Трстеник, Србија.

Потрагата по него почна веднаш по пријавата дека излегол со тракторот да ги провери нивите и не се вратил.

По 13 часа потрага покрај брегот на Западна Морава, пронајден е тракторот, но потрагата беше сопрена поради огромни наноси на кал.

Во средата попладне, по три часа потрага нуркачите ја сопреа потрагата на несреќниот земјоделец поради лошите услови. Неговото тело е пронајдено во четврток околу 11 часот.