Прва самостојна изложба на Стефани Хаџи Николова во галерија Грал

Во галеријата Грал во Скопје вечерва од 20 часот ќе биде отворена првата самостојна изложба на Стефани Хаџи Николова.
На изложбата ќе бидат претставени 30 најнови дела од циклусот „Феникс“ што е воедно и наслов на изложбата.
Годинава таа беше учесник на три меѓународни ликовни колонии во Србија, Косово и Бугарија.