Прва посета на хрватскиот премиер Пленковиќ на Србија


Андреј Пленковиќ

 Денес во прва официјална посета на Србија е хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој во Суботица на Денот на Хрватската заедница во Србија го отвори Хрватскиот дом – Матица и имаше билатерална средба со српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописиникот на МИА од Белград.

Хрватскиот дом – Матица, чија изградба е целосно финансирана од хрватската влада, недалеку од центарот на Суботица, ќе биде седиште на Хрватскиот национален совет, издавачката куќа „Хрватска ријеч“ и Институтот за хрватска култура „Војводина“ и треба да биде центар на културниот и општествениот живот на хрватската заедница. во Србија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на отварањето на Хрватскиот дом –Матица со премиерката Ана Брнабиќ изјави дека интензивирањето на средбите и посетите ќе биде многу важно за понатамошните дискусии и доближување на решавањето на отворените прашања меѓу двете земји.

Пленковиќ рече дека една од клучните задачи на Владата е да се грижи за Хрватите надвор од Хрватска, особено за Хрватите во Србија, со цел да се негува нивниот идентитет, да се поддржат нивните културни, образовни, уметнички и спортски активности и сето она што го прават со голем ентузијазам и труд.

Именувањето на Томислав Жигманов за министер за малцински права во Владата на Србија, Пленковиќ го оцени како важен чекор за билатералните односи на двете земји, со оглед на тоа што, Ања Шимпрага од СДС-С е потпретседател на хрватската Владата.

Осврнувајќи се на обраќањето на премиерката Брнабиќ, Пленковиќ рече дека таа „се допрела на сложеноста на односите меѓу Србија и Хрватска, од времето на агресијата на режимот на Слободан Милошевиќ“.

-Разговаравме за сите оние теми кои се отворени – од прашањето за исчезнатите лица, границите, процесуирањето на воените злосторства, воените штети и сето она што ги оптоварува нашите односи, но и сите актуелни прашања од економската и трговската соработка, квалитетот на подобрувањето на сообраќајната инфраструктура и напредокот во областа на стабилноста, се разбира, во контекст на европската интеграција, каде Хрватска го заокружи своето учество со приклучување кон Шенген и еврозоната, со желба и Србија, на ист начин, да биде успешна во тоа, рече Пленковиќ.

Тој додаде дека „ја препознавме, важноста на соработката меѓу српското малцинство во Хрватска и Хрватите во Србија, која донесе многу „свежа нафта во моторите што постојат и ни дадовте пример дека соработката на ниво на државите ќе биде подобра од порано“.

Претходно српската премиерка Ана Брнабиќ изјави дека односите со Хрватска ги смета за многу важни и дека искрено е заинтересирана за развој на севкупните односи и за подобрување на соработката.