Прва оставка во фудбалска Италија
Рим– Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина поднесе оставка, пренесуваат медиумите во Италија. Тој на ваков чекор се реши откако фудбалската репрезентација не успеа да се пласира на Светското првенство. Италија во финалето од баражот загуби на гостувањето во Зеница од Босна и Херцеговина по изведување на пенали.
Ова ќе биде трето Светското првенство на кое Италија нема да настапи, претходно беа елиминирани од Шведска за СП 2018 (бараж) и од Македонија за СП 2022 (бараж).
Во соопштението од ФФИ се наведува дека новиот претседател ќе биде избран на 22.јуни. Гравина на оваа позиција беше од октомври 2018 година.