Прв собир за вмрежување на заедницата во Скопје, домаќин Binance

Binance, водечката светска берза за размена на криптовалути најави дека ќе биде домаќин на собир на заедницата во Скопје. Овој настан претставува можност членовите на крипто заедницата да се сретнат со претставници на Binance, да ги истражат најновите трендови во индустријата и да разговараат за иднината на дигиталните средства, и во регионот и на глобално ниво.
Првата средба во Скопје ќе биде на 3 април 2025 година, од 17 до 21:30 часот во Скопје Мериот Хотел.
Присуството на состанокот е бесплатно, но поради ограничениот број на учесници, потребна е претходна регистрација достапна на линкот.
За време на средбата, присутните не само што ќе можат да добијат преглед на најновите производи и иницијативи на Binance, туку ќе имаат и можност да учествуваат во игри и социјално вмрежување, да добијат ексклузивни промотивни производи и можност да се сретнат и да се поврзат со други членови на крипто заедницата, се вели во соопштението до медиумите.