Прв смртен случај од коронавирус во Москва
Во Москва починала повозрасна жена кај која бил дијагностициран коронавирус. имала 79 години и била хоспитализирана на 13 март. Прво се лекувала во приватна болница, а потоа била пренесена во државна болница за заразни болести.
Во московската болница за заразни болести пациентката примала сложена респираторна терапија и била во изолација. Оваа 79-годишна старица исто така имала дијабетес од тип 2 , артериска хипертензија и болест на срцето.