Прв пат во историјата НБА ќе гостува во Австралија


Националната кошаркарска лига на Австралија (НБЛ) и НБА лигата објавија денеска дека НБА лигашот Њу Орлеанс ќе одигра два претсезонски натпревари против НБЛ тимови во Мелбурн во октомври оваа година.
Ова ќе биде прво гостување во Австралија на една од екипите од најсилната светска кошаркарска лига.
Њу Орлеанс, во моментов претпоследен во Западната конференција со ефект од 17 победи и 48 порази, прво ќе се соочи со Мелбурн Јунајтед на 3 октомври, а два дена подоцна ќе игра против Мелбурн Феникс.
„По долги 15 години, нашиот сон се оствари“, изјави Лери Кестелман, сопственик и директор на елитната австралиска кошаркарска лига (НБЛ), додека Денис Лауш.
Од своја страна, претседател на кошаркарскиот тим Њу Орлеанс, Денис Лауш наведе дека гостувањето во Австралија е уште една потврда за глобалниот раст на НБА лигата.
„Ова е возбудлив момент за нашата организација и доказ за растечкото влијание на НБА на глобално ниво“, посочи првиот човек на Њу Орлеанс.