Прв пат во Германија: Сите жители во 11 часот добија исто предупредување на мобилен
Во рамки на националниот ден на предупредување во Германија денеска точно во 11 часот се огласија сирените, а жителите добија предупредување на своите мобилни телефони.
Станува збор за тестирање на уредот за предупредување во случај на катастрофи.
Жителите на Германија во иднина би требало да бидат известувани за опасни ситуации со помош на уреди за предупредување, пишува магазинот „Феникс“.
За таа намена во Германија, точно во 11 часот се активираа различни уреди, како радија и телевизии, дигитални градски плочи или апликацијата за предупредување.
Прв пат жителите добија порака на мобилен
Прв пат во Германија највисоко ниво за предупредување е пратено на десетици милиони мобилни телефони. Пораките се пратени преку систем како радиосигнал што се праќа на сите компатибилни уреди кои се наоѓаат во подрачјето на радиоќелијата и оттука називот „ќелиско емитирање“. Пораката изгледа како СМС.
Никој не мора да има инсталирана апликација за предупредување како што се НИНА или Кетворн, на својот мобилен за да бидат предупредени. Предупредувањето денеска допре и до луѓето кои користат мобилен телефон, а не паметен телефон. Cell broadcast веќе се користи во другите земји од ЕУ.