Прв министерски состанок ЕУ-Западен Балкан за вработување и социјални прашања


Белгија-Првиот министерски состанок на ЕУ и Западен Балкан во областа на вработувањето и социјалните прашања денеска ќе се одржи во Луксембург, објави Европската комисија.

„Целта на состанокот, за кој се очекува да се одржува секоја година, е размена на ставови за предизвиците во областа на вработувањето и социјалните реформи што се спроведуваат за доброто на сите граѓани во регионот”, соопшти Европската комисија.

Во Луксембург ќес е дискутира за размена на искуства во врска со интеграцијата на недоволно застапените групи на пазарите на труд и усогласување на потребите за образование и пазарот на трудот.
Состанокот на министрите за ЕУ и Западен Балкан во областа на вработувањето и социјалните прашања е организиран од страна на Европската комисија, Романија, како актуелен претседавач на Советот на ЕУ, и Финска и Хрватска.