Провалници упаднале во куќата на Лука Дончиќ. Еве ги деталите


Лука Дончиќ (25) поради повреда ќе биде надвор од терените најмалку еден месец поради истегнување на мускулот на потколеницата на левата нога.

Само три дена по најтешката повреда во професионалната кариера, Словенецот имаше проблем од приватен карактер. Имено, неговиот дом во Далас бил провален во петокот, се вели во полицискиот извештај.

Во моментот на кражбата никој не бил дома.

„Никој не беше дома во тоа време и за среќа Лука и неговото семејство се безбедни“, рече неговиот бизнис менаџер Лара Бет Сигер. „Лука поднесе пријава во полиција и истрагата е во тек.

Новинарот Стајн напиша и дека НБА неодамна испрати предупредување до сите кошаркари дека кражбите во последно време се зачестени. Меѓу другите, тие упаднаа во домовите на Боби Портис (Милвоки Бакс) и во домовите на ѕвездите на НФЛ Патрик Махомес и Тревис Келче.

Словенецот на 22 одиграни натпревари сезонава имаше просек од 28,1 поен, 8,3 скока и 7,8 асистенции. Далас е на четвртото место во Западната конференција со 19 победи во 30 натпревари.