Протестите на ВМРО-ДПМНЕ го изменија распоредот на јавниот сообраќај


Фото: Б. Грданоски

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ информира дека денеска, среда (9.06.2021 година), во период од 15 до 17 часот, поради најавен протест и блокада на повеќе сообраќајници, голем дел од автобуските линии ќе имаат изменет режим на сообраќање од вообичаениот.

По изменета траса ќе сообраќаат:

Линии 2 и 2А
*во правец од Автокоманда кон Сарај, од Гази Баба продолжуваат по булевар „Никола Карев“ (Пластичарска), кај Амбасада на САД по улица „Лазар Личеновски“, околу Кале и кај мост „Гоце Делчев“ продолжуваат по својата редовна траса
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање

Линии 3 и 3Б
*во правец од Ново Лисиче кон центар, од Југодрво вртат лево кон Кјуби, кај Тутунски комбинат лево по булевар „Крушевска Република“ до Транспортен центар
*во правец кон Ново Лисиче од Транспортен центар кон Тутунски комбинат, Кјуби, десно по булевар „Кочо Рацин“ и од Југодрво по редовната траса кон Ново Лисиче

Линиите 4 и 4А
*во правец од Кисела Вода кон Тафталиџе, од рампа десно кај Тутунски комбинат по булевар „Крушевска Република“ кон НБРСМ, Југодрво, десно по улица „Мирче Ацев“, „Холидеј ин“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ и од Соборен храм по својата редовна траса
*во правец кон Кисела Вода, од булевар „Партизански одреди“ продолжуваат кон булевар „Гоце Делчев“, десно кон МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“, Југодрво и по редовната траса

Линија 5
*во правец од Дексион кон Ново Лисиче, од улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св. Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо и продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од Југодрво врти десно по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ кај Соборен храм лево по булевар „Св. Климент Охридски“, АМСМ и продолжува по својата редовна траса

Линија 7
*во правец од Лисиче кон Карпош, од Југодрво по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ и од Соборен храм продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од булевар „Партизански одреди“ продолжува кон булевар „Гоце Делчев“, десно кон МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“, Југодрво и продолжува по својата редовна траса

Линии 8, 19 и 59
*во правец од Влае кон Бутел, од булевар „Гоце Делчев“ продолжува на надвозник кај Стоковна куќа „Мост“, лево по улица „Лазар Личеновски“ околу Кале, булевар „Никола Карев“ и на детелинка Бит пазар продолжуваат по својата редовна траса
*во обратен правец, од детелинка Бит пазар, булевар „Никола Карев“, улица „Лазар Личеновски“ кон мост „Гоце Делчев“ и продолжуваат по својата редовна траса

Линија 9
*во правец од Скопје Север кон центар, преку Јаја паша на детелинка Бит пазар на булевар „Никола Карев“, улица „Беласица“, НБРСМ, Југодрво, Билна аптека, лево по булевар „Крушевска Република“, кон Транспортен центар, улица „Беласица“, булевар „Никола Карев“ и се враќа на својата редовна траса

Линии 11, 11А, 15, 15А, 18, 21, 21А, 22, 32, 56, 60, 64А и 118
*во правец према Транспортен центар, од булевар „Гоце Делчев“, вртат десно кон МНТ, лево по улица „Кеј 13 Ноември“ и продолжуваат по својата редовна траса
*во обратен правец, од Југодрво вртат десно по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ и по својата редовна траса

Линија 12
*сообраќа до Стоковна куќа „Мост“, таму е почетна/крајна станица

Линија 16
*во правец од Пржино, од Југодрво сообраќа кон Веро Џамбо, улица „Беласица“ и од „Континентал“ по својата редовна траса
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање

Линии 17, 18А, 20, 35, 47, 47А, 61, 71 и 81
*од Транспортен центар, улица „Беласица“, булевар „Никола Карев“, Јаја паша и продолжуваат по својата редовна траса
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање

Линија 23
*во правец од Ченто кон Дом на печат, од Југодрво врти десно по улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ, кружен тек до Дом на печат
*во обратен правец од Дом на печат, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо и продолжува по својата редовна траса

Линија 24
*во правец од Кисела Вода кон Тафталиџе, од подвозникот десно кон Билна аптека, кај Тутунски комбинат лево по булевар „Крушевска Република“, НБРСМ, Југодрво, улица „Мирче Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм и продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од булевар „Партизански одреди“ продолжува кон булевар „Гоце Делчев“, десно кон МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“, Југодрво и продолжува по својата редовна траса

Линија 27
*во правец од Лисиче, од Југодрво врти десно по улица „Мирце Ацев“, МНТ, булевар „Гоце Делчев“ кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ, кружен тек до Дом на печат
*во обратен правец од Дом на печат, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо и продолжува по својата редовна траса

Линии 33 и 41А
*сообраќаат само до Транспортен центар

Линија 43
*во правец од Дом на печат, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ врти лево по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“, МНТ, улица „Кеј 13 Ноември“ кон Веро Џамбо, улица „Беласица“ и продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од „Континентал“, улица „Беласица“, НБРСМ, Југодрво, МНТ, булевар „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, АМСМ, кружен тек до Дом на печат

Линии 45, 52, 53, 54, 55, 55А, 62, 63, 63А, 65, 65Б, 65В, 66, 66А и 68
*од „Континентал“ по улица „Беласица“ до Транспортен центар
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање

Линија 50
*во правец од Хиподром, кај „Континентал“ врти по улица „Беласица“, НБРСМ, Југодрво, улица „Мирче Ацев“, „Холидеј ин“, улица „Кеј 13 Ноември“, Веро Џамбо и се враќа по улица „Беласица“

Линија 57
*во правец од Козле кон Радишани, од улица „Васил Ѓоргов“ пред Завод за вработување, врти лево кон улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ по траса на линија 5, продолжува по булевар „Св.Климент Охридски“, булевар „Гоце Делчев“ оди на надвозник кај Стоковна куќа „Мост“, лево по улица „Лазар Личеновски“ околу Кале, булевар „Никола Карев“ и на детелинка Бит пазар продолжува по својата редовна траса
*во обратен правец, од детелинка Бит пазар, булевар „Никола Карев“, улица „Лазар Личеновски“ кон мост „Гоце Делчев“, кај Соборен храм лево по булевар „Св.Климент Охридски“, улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ кај Треска лево кон улица „Васил Ѓоргов“ и продолжува по својата редовна траса

Линија 73
*од Саем, по улица „Беласица“, НБРСМ кон Југодрво
*посочениот режим важи и во обратна насока на сообраќање

Информации за изменетиот режим на сообраќање и трасата на конкретна линија, може да се добијат и во Диспечерски центар на ЈСП Скопје на 3173-224.