Протест за почист воздух во Автокоманда


 

Иницијативата „Автокоманда сака да дише” најави предупредувачкиот протест против континуираното загадување на воздухот во Општина Гази Баба.

Протестот ќе се одржи утре, на 3 октомври (четврток) со почеток во 18 часот на плоштад “Коцка” (веднаш до Полициската станица).

На протестот треба да се придружи и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.

Иницијативата „Автокоманда сака да дише” е формирана како резултат на перманентните жалби на граѓаните од загадениот воздух и од негрижата на надлежните институции за заштита на животната средина. Затоа, свесни за фаталната штетност на загадувањето и катастрофалните последици врз здравјето на граѓаните, иницијаторите и жителите на Општината се креваат на нозе барајќи нормални услови за живеење и итно преземање мерки за спречување на ова појава.