Протест по сечењето на дрвјата на „Орце Николов“
Протест под името„Кога пилите ќе стивнат“ ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот, на улицата „Орце Николов“ во Скопје, поради плановите на градските власти да се исечат и преостанатите 10 дрвја.
Организаторите бараат да се прекине на решението издадено од Град Скопје со кое се овозможило сеченето на дрвјата на улицата, за да се спасат преостанатите дрвја.
„Собирот ќе почне на раскрсницата на Ленинова со Орце Николов (кај „Пепер“), со едноминутен молк за згаснатите животи на здравите дрвја, а потоа ќе продолжи кон раскрсницата на Наум Наумoвски Борче со Орце Николов (кај „Синдикат“)“, соопштија организаторите „Зелен хуман град“, здружена иницијатива на 12 организации и активистички групи од Скопје..