Љутков ќе се соочи со прв протест – од вработените во Филхармонија


Фото: Б. Грданоски
Вработените во Македонската филхармонија, утре (21.02.2025) во 11.30 часот ќе одржат протест пред Министерството за култура.  
Протестот е јавен апел до Министерството за култура да ги почитува законските одредби при избор на директор на конкурсот кој заврши минатата недела.
 
Филхармонија протестираше пред Министерство за култура и во 2023 во мандатот на Костадиновска-Стојчевска заради носењето на одлуката новоформираниот Џез оркестар просторно да биде сместен во објектот на Филхармонија/ Фото: Б. Грданоски
 “Во тек е изборот за директор, сакаме да укажеме дека доколку не се избере најдобриот кандидат кој ги исполнува сите услови од конкурсот ќе продолжиме со протести. Нема да дозволиме нашата институција да биде жртва на бесрамни политички договори”, велат вработените во Филхармонија.