Протечен руски документ ја потврдува смртта на 48.759 руски војници во Украина
Во протеченото писмо од руското Министерство за финансии се вели дека заклучно со 28 август на семејствата на починатите руски војници што се борат во Украина им се исплатени 361,4 милијарди рубли. Со оглед на тоа дека за секоја загинат војник руската држава се обврза да плати помош на семејствата од 7,4 милиони рубли, тоа значи дека за првпат официјално се потврдува дека во Украина загинале 48.759 руски војници.
Исчезнатите и војниците на самопрогласените републики во Донецк и Луганс не се вклучени во оваа бројка.