Протече видео од обидот за атентат врз јапонскиот премиер: Телохранителите на висина на задачата
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа моментот когаврз јапонскиот премиер Фумио Кишида изврѓен е обид за атентат, за време на неговиот престој во градот Вакајама.
На видеото може да се види како се фрла некаква експлозивна направа кон Кишида, која еден од неговите обезбедувачи најпрво ја запира со актовка, а потоа ја клоца.
После тоа, обезбедувачот ја отвора актовката, која ја користи како штит за да го заштити премиерот и со него заминува на безбедно.
Footage of yesterday's assassination attempt on #Japanese Prime Minister Fumio Kishida in Wakayama City. pic.twitter.com/Pd7ydyw3v0
— NEXTA (@nexta_tv) April 16, 2023
За потсетување, вчера се случија драматични сцени во градот Вакајама, каде Кишида одржа говор за поддршка на претстојните дополнителни избори за Претставничкиот дом во округот Вакајама. Во Јапонија во моментов е во тек и кампањата за националните локални избори во Јапонија. Уапсен е човекот кој ракувал со експлозивната направа.
Потсетуваме, поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе беше убиен во јули минатата година во градот Нара за време на предизборен говор. Тој беше застрелан од Тецујо Јамагами со импровизирана пушка.