Протече нацртот на новиот договор на СЗО: „Светот мора да се подготви, ќе биде уште посмртоносен“


Протечениот нацрт-договор на СЗО, според професорката на Универзитетскиот колеџ во Лондон, Маријана Макукато, открива дека светот мора да биде подготвен за нова пандемија.

Нацрт-договорот од Светската здравствена организација открива дека светот мора да биде подготвен да одговори на следниот патоген кој може да биде уште посмртоносен од Ковид, но сепак покажува некои „загрижувачки сигнали“.

Документот покажува, како што додаде Макукато, кој е и претседател на Советот на СЗО за здравствена економија за сите, дека планетата може да биде во опасност да го отфрли она што беше научено за време на претходната пандемија и да ја изгуби можноста да ја заштити иднината. Во авторскиот текст за „Фајненшл тајм“ овој професор посочува дека е потребно да се дејствува за да се спречи тоа – со работа на нов глобален механизам за финансирање, потоа иновации кои се за општо добро, но и овозможување на бесплатен проток на иновации и информации преку границите.

Владите на земјите со низок и среден приход ќе треба да откријат како брзо и под разумни услови да набават клучни технологии за вакцини од големите фармацевтски компании од богатите земји.

Затоа што и тие, споделувајќи биолошки примероци, придонесоа за развој на иновациите.

Меѓутоа, за време на Ковид, како што вели таа, владеел „вакциналниот апартхејд“ и се покажало дека големите истражувања биле во служба на профитот наместо на здравјето на населението.

Загрижувачки е, сепак, што протечениот нацрт на глобалниот договор укажува дека транспарентноста на објавувањето на цените на фармацевтските производи, како и споделувањето информации и трансферот на технологија, ќе биде на доброволна основа.

„Ова би била голема грешка – истата онаа што беше направена за време на пандемијата, кога на стотици милиони луѓе ширум светот им беше одбиена навремена вакцинација, делумно поради желбата да се максимизира профитот на неколку компании. И тоа не е само за цените, но и за условите за споделување технологија: правата на интелектуална сопственост се слабо регулирани“, оценува таа.

Професорот Макукато е убеден дека е неопходна итна промена во начинот на пристап до финансии – онаа што ќе го отвори фискалниот простор што земјите во развој треба да го инвестираат во здравството.

„Договорот за пандемијата треба да воспостави систем во кој ќе станеме подготвени за иднината, надминувајќи ги конвенционалните глобални структури за финансирање на здравството. Мора да се води од споделување знаење, вклучување, пристап и транспарентност“, посочува Макукато.

Само преку глобалната политика, заедно со финансиските и правните обврски на владите и меѓународните тела како што е СЗО, е можно да се подготви, па дури и да се спречи следната пандемија.

Со новиот договор, светот ризикува да направи неколку чекори наназад, доколку посветеноста на управувањето со иновациите не ги задржи вредностите на здравјето за сите, предупреди овој научник.

„Договорот за пандемијата мора да утврди дека потребите, празнините, предностите и обврските за справување со глобалните здравствени закани, кои иако се насекаде различни, сепак се заеднички. сите мора да бидат на прво место“, заклучува професорот на Лондонскиот универзитетски колеџ.