Проштална средба на Димитров со амбасадорката на Република Хрватска, Баришиќ
–„Благодарани сме на пријателството, ентузијазмот, искреноста и посветениот однос кон нас, истакнал министерот Димитров, посакувајќи и на амбасадорката Баришиќ среќа и успех во следните професионални предизвици.
Истовремено, министерот Димитров се заблагодарил за силната и безрезервна поддршка што во континуитет е упатувана од Република Хрватска за европските и евро-атлантските интегративни процеси на Република Северна Македонија, дотолку повеќе што токму Хрватска беше меѓу првите земји-членки кои го ратификуваа пристапниот Протокол за НАТО.
На средбата, на амбасадорката Баришиќ и беше врачена благодарница за нејзината посветеност и придонес во продлабочувањето на македонско – хрватското пријателство.