Проширена секундарната продажна мрежа на ЈСП „Скопје“

Граѓаните попрецизно можат да ги погледнат локациите на Фејсбук страницата на ЈСП „Скопје“.
– Сега секундарната продажна мрежа ја сочинуваат речиси 100 локации. Освен на посочените места, услугите на ЈСП „Скопје“ може да се добијат и во 32 билетарници на претпријатието, се вели во соопштението.
Од ЈСП „Скопје“ очекуваат дека секундарната продажна мрежа и понатаму ќе се шири со оглед на активниот јавен повик за соработка до сите заинтересирани субјекти.
– За секој нов склучен договор за соработка со заинтересиран субјект, што практично значи нова локација за купување/надополнување на „Скопска“, корисниците на нашите услуги ќе бидат навремено информирани преку средствата за јавно информирање, социјалните мрежи, веб-страницата на претпријатието и сл, се наведува во соопштението од ЈСП „Скопје“.