Просечната плата во јануари 43.050 денари


Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование.

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец е забележано во секторите Градежништво, Преработувачка индустрија и Финансиски дејности и дејности на осигурување.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јануари изнесува 64 697 денари.