Просечната каматна стапка кај депозитите во февруари бележи раст, а кај кредитите пад


Во февруари просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 2,19 проценти и бележи раст од 0,43 процентни поени, а просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,18 проценти и бележи пад од 0,34 процентни поени.

Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити е намалена за 0,72 процентни поени на годишна основа, а просечната каматна стапка на новопримените депозити бележи годишен раст од 0,10 процентни поени.

Повеќе информации може да се добијат на следниот ЛИНК