Проработе вулкан на Галапагос


 

Највисоката планина-вулкан на архипелагот Галапагос еруптира и исфрли лава и пепел во облаци над Тихиот Океан, потврди Геофизичкиот институт на Еквадор.

Облакт гас и пепел од вулканот Вук се искачи на 3.793 метри надморска висина пред полноќ по локално време, соопштија од институтот, пренесе АП.

Комитетот за итни операции на Еквадор соопшти дека нова ерупција избила на вулканот, најголемиот на архипелагот Галапагос, но не претставува опасност за луѓето и локалните власти.

Сепак, осум луѓе, вклучително и чуварите на паркот и научнииците се евакуирани од областа.

Советот на владата на Еквадор задолжен за Галапагос соопшти дека комиетот за итни случаи продолжува да го набљудува вулканот за да види во кој правец тече лавата.