Пропадна и референдумот на Левица, Џафери рече „не“
Џафери во одговорот до Апасиев посочува дека предлагачот треба да го усогласи предлогот за референдум со Деловникот во рок од 15 дена, а во спротивно се смета за неподнесен
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прими и ја одби иницијативата на Левица за организирање референдум за францускиот предлог со кој почнаа преговорите на ЕУ со Македонија. Во одговорот Џафери посочи дека иницијативата е спротивна на членовите 135 и 136 на Деловникот и дека прашањето не е соодветно поставено.
Во одговорот Џафери посочува дека предлагачот треба да го усогласи предлогот за референдум со Деловникот во рок од 15 дена, а во спротивно се смета за неподнесен.