„Проникнување“ епистоларна проза на Епископот Давид (Нинов) и Синоличка Трпкова


Во прозната едиција на книгоиздателството „Макавеј“ се објави заедничката еписполарна проза на Епископот дремвитски Давид (Нинов) и македонската актерка и професор Синоличка Трпкова со наслов „Проникнувањe“.

-На близу 150 страници се распослани вонредно инспиративни писма кои ги разменуваат авторите во подолг временски период, а во кои се отсликува неверојатната плодотворна духовност и префинетата книжевна и филозофска стилистика на двајцата автори, велат од книгоиздателството „Макавеј“.

Изданието се отвора со есејот на познавачот, толкувач и преведувач на древната кинеска култура и книжевност д-р Игор Радев.

– Епистоларната проза „Проникнување“ на Епископот Давид (Нинов) и проф. Синоличка Трпкова нема датуми, што бездруго упатува на фактот дека дијалогот е сместен во едно, да се изразам – безвремено време. Очигледно е дека авторите на книгата не само што ги проникнуваат уметноста и теологијата, туку генерално водат една философско-уметничко-теолошка расправа, која исцрпно обработува одредени теми поврзани со човековото животно искуство, со филмот, со поезијата. Книгата „Проникнување“ е вистинско освежување на македонската проза и упатува на фактот дека насекаде во уметноста на живеењето треба да ја бараме и да ја наоѓаме убавината, бидејќи според зборовите на Достоевски: „Убавината ќе го спаси светот“, нагласува во препоракатакон изданието Јанинка Невчева.