Промоција на збирка аудиодрами од Горан Стефановски во Скопје


„Збирка аудиодрами од Горан Стефановски“ ќе биде промовирана вечерва (петок) во 17 часот во просториите на Европска куќа – Скопје. На постоечката платформа за аудио книги Самоглас додадени се аудиодрамите „Гоце“, „Дупло дно“ и „Диво месо“.

„Ова е нова категорија која го збогатува постоечкиот каталог и ги промовира радиодрамите, како еден речиси заборавен медиум. Ова е одличен начин да се приближи творештвото на Горан Стефановски и да се освежи македонскиот медиумски интернет простор.

На аудиодрамите работеа професионални актери и режисери со кои што се истражија креативните пристапи на овој медиум, а притоа давајќи нови решенија на добро познатите драми на Горан Стефановски.

Особена благодарност до Игор Стефановски кој што преку Здружението на граѓани за зачувување и промоција на културното наследство на Горан Стефановски ги овозможи авторските права за иститевелат организаторите.