Промоција на тритомното издание за Кочо Рацин во МАНУ


Фото: Б. Грданоски

Во амфитератарот на МАНУ денеска во 13 часот ќе се одржи промоција на тритомното издание Кочо Рацин (поезија, проза и публицистика и животописот на Рацин).

Свое обраќање ќе имаат претседателот на МАНУ, Живко Попов и академик Катица Ќулавкова.

Промотори на изданието ќе бидат Венко Андоновски, дописен член на МАНУ и приредувач на том 1, Искра Тасевска Хаџи-Бошкова, приредувач на том 2 и Весна Мојсова-Чепишевска, приредувач на том 3.