Промоција на стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон


Стихозбирката „Манифест на каменот“ од српскиот поет Виктор Радун Теон ќе биде промовирана вечер од 19 часот во кафе-книжарницата „Буква“.

Промотори на книгата се Христо Петрески и Марина Мијаковска, информираат организаторите преку соопштение.

– Виктор Радун Теон живее во Нови Сад. Тој магистрирал на Економскиот факултет во Суботица во 2003, а докторирал на Факултетот за менаџмент во Нови Сад во 2006 година. Работи како професор по екологија, економија и менаџмент на Факултетот за применета екологија „Футура“ на Универзитетот „Метрополитен“ во Белград.

Пишува поезија, проза, есеи и критики. Се занимава со филозофија и студии за иднината. Неговата поезија е преведена на шпански, руски, арапски, романски, македонски, словенечки и бугарски јазик. Има објавено 11 книги, 67 научни и стручни трудови, педесетина есеи, литературни критики и прегледи, седум учебници и превел преку 30 книги од англиски на српски јазик, се наведува во соопштението.