Промоција на романот „Солзотворец“ од италијанската авторка Ерин Дум

Македонско издание на италијанскиот роман „Солзотворец“ ќе биде промовирано вечер од 19 часот во „Јуроп хаус“ во Скопје. Книгата е на современа италијанска авторка која пишува под псевдонимот Ерин Дум.
Романот е објавен во специјалната едиција „Нашите приказни“ на Издавачкиот центар „Три“ и ќе го претстават професорката Весна Мојсова-Чепишевска и авторката на преводот, проф. Радица Никодиновска.
-„Солзотворец“ е првично објавен на книжевната платформа „Ватпад“ во 2017. По огромниот интерес кај читателите, италијанската издавачка куќа „Магаѕини Салани“ во 2021 го објавува преработеното издание. Во 2022 романот веќе станува бестселер, задржувајќи се на првото место на листата на најпродавани книги пет недели по ред, а веќе во 2024 година романот доби и своја филмска адаптација во продукција на „Нетфликс“, соопшти издавачкиот центар „Три“.